Две отруени кучиња пред зграда во Карпош, отров во куќарка за куче во Аеродром

by fokus

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека пред станбена зграда на улицата „Разловечко востание“ во Карпош синоќа било пријавено дека се пронајдени две отруени кучиња. Увид бил бил извршен од страна на екипа од секторот за внатрешни работи во Скопје.

Утринава во 08.45 часот било пријавено дека на булеварот „Јане Сандански“, од страна на непознато лице бил оставен отров во куќарка за куче. Од полицијата велат дека превземаат мерки за расчистување на случаите.

Поврзани новости