Две лица повикани на разговор за избоденото момче од Кавадарци

by Fokus

Две лица се повикани на разговор во врска со повредениот кавадарчанец со две убодни рани од нож, потврдија за МИА од Министерството за внатрешни работи.

-Доцна синоќа, во 00.10 часот во Полициска станица Кавадарци било пријавено дека на крстосница од улицата „Браќа Џунови” и „7-ми Септември во Кавадарци”, кај фонтаната, имало повредено лице со убодни рани. По извршени проверки е констатирано дека станува збор за К.М. (28) од Кавадарци, рекоа од МВР.

Поврзани новости