Две лица починаа од вирусот Западен Нил во Грција, 12 се хоспитализирани

by fokus

Од почетокот на летото, две лица на возраст од над 80 години починаа во Грција, додека 55 се заразени од вирусот Западен Нил, објави грчкиот весник „Катимерини“.

Од оние кај кои се појавиле симптомите на западнонилската треска, 12 се хоспитализирани.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, Министерството за здравство на Грција објави информации за граѓаните за превенција и заштита од вирусот, кој во Грција се појавува од крајот на мај- почетокот на јуни

Поврзани новости