Две кучиња искасале 10-годишно дете

by Fokus

Вчера во полиција било пријавено дека две кучиња искасале десетгодишно дете, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера во 20.30 часот во Полициската станица Карпош, лицето Т.С. (50) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 17.20 часот, на ул. „Волгоградска“, од страна на две кучиња бил каснат неговиот 10-годишен син, при што му биле нанесени видливи повреди – расекотини на двете нозе.

Поврзани новости