Две деца се шетале низ Неготино за време на полициски час

by fokus

ОВР Неготино до Основното јавно обвинитeлство Кавадарци денеска достави кривични пријави за 22 лица, од кои 20 полнолетни и две деца, што го прекршиле полицискиот час во периодот од 25 до 29 март, а ОЈО Кавадарци поднесе предлози за издавање казненени налози за полнолетните лица.

Двајца од нив, како што информира Јавното обвинителство, патувале со возило во Неготино и околината. Другите се движеле пеш во градот Неготино и селата Корешница и Тремник.

-Основното јавно обвинителство Кавадарци за полнолетните лица поднесе предлози за издавање казнени налози за сторено кривично дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, со кои на надлежниот суд му предложи за секое од лицата да изрече парична казна во висина од 40 дневни глоби, секоја во висина од по 20 евра во денарска противвредност, соопшти Јавното обвинителство.

За двете деца, се вели во соопштението, ќе се води постапка пред Основниот суд Кавадарци, како стварно надлежен суд за постапување во предмети против деца.​

Поврзани новости