Две деца на возраст од две и три години повредени во сообраќајка

by fokus

Во текот на вчерашниот ден, патничко возило излетало од патот кај селото Трновци, битолско, а со повреди се здобиле две мали деца.

„Вчера во 11:24 часот на патот Вашарејца-Бучин, пред село Трновци, битолско, А.А.(28) од Прилеп, управувајќи патничко возило „Застава-128“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот. Притоа, со повреди се здобиле две деца на возраст од две и три години. Тие биле пренесени во Клиничката болница Битола каде им била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Битола“, велат од МВР.

Поврзани новости