Дванаесет клубови го напуштија Собранието на СФМ за избор на нов претседател заради обид за незаконски избор

by Fokus 00:55
00:55

Дванаесет клубови „Ски Клуб Полар“, „КОБНС Скии Рис Скопје“, „ФОКС Ски Клуб“, „К.Б.Н.Д Мирна Долина“,(СФМ), „ЗСР Клуб 28“, „Ски Школа Љуботен“, „Шари Академи“, „АСК Скади Скопје“, „Ски Клуб Бистра – Гостивар“, „Ски клуб Љуботен“, „Ски школа Љуботен“ и „Сноу борд клуб Полар“ го напуштија собранието на Скијачката федерација на Македонија бидејќи привременото раководство надвор од Статутот на федерацијата и Законот за спорт се обиде да избере нов претседател на Федерацијата. Обидот за избор на претседател на нелегален начин дури и без базичното проверка на кворум, не е во интерес на развој на спорот и на спортистите што е основна цел на СФМ туку има за цел остварување на лични интереси на одредени кругови.

Токму заради ваквите сомнежи однапред побаравме присуство на претставници на Агенцијата за млади и спорт и Македонскиот олимписки комитет.

- Advertisements -

Со напуштањето на Собранието од страна на клубовите било кои одлуки на ова Собрание се незаконски и неважечки бидејќи не исполнет членот 19 од Статутот на СФМ, во кој јасно е пропишано дека  Собранието  може да работи само доколку  се присутни повеќе од половина од постојните членови, а одлуките се полноважни доколку за нив гласале повеќе од половината присутни на Собранието, но не помалку од една третина.

Целта за која се залагаат овие клубови, треба да ја делат сите спортски работници, а таа е работа на СФМ исклучиво согласно законите и во интерес на спортот. За жал на Собранието се покажа дека намерите одат во сосема друга насока, па затоа овие клубови го напуштија Собранието и покрај добрата волја заеднички да се избере нов претседател согласно правилата на Федерацијата. Водени од такви намери и покрај претходните активности за кои има индиции дека се незаконски и за кои и веќе е информирана и Агенцијата за млади и спорт и јавноста, горенаведените клубови решија да присуствуваат на ова Собрание, кое беше закажано веднаш откако беше поведена иницијатива за вонредно Собрание закажано претходно од клубовите кои го напуштија денешното Собрание. По поканата за учество на вонредно Собрание до сите клубови во СФМ, привременото раководство на СФМ предводено од претседателот потписник Васил Сокле итно закажа редовно Собрание кое се одржа денес. И покрај тоа во интерес на спортот горенаведените клубови решија да учествуваат, но не можат и не смеат да бидат дел од незаконско работење на СФМ, како што беше обидот на денешното Собрание.

Да потсетиме дека ова Собрание го закажа привременото раководство кое е востановено на незаконски начин. Имено, по смртта на  претходниот претседател, како овластено лице на СФМ во Централниот регистар на Република Северна Македонија е впишан Васил Сокле во улога на „потпретседател-потписник“. Како основа за ваквото впишување е наведена постапка за избор на претставник на СФМ која е спроведена без знаење на клубовите и спротивно на постапката предвидена во Статутот на СФМ, за што клубовите и дел од членовите на Извршниот одбор на СФМ понесоа соодветна пријава до Агенцијата за млади и спорт како надлежен орган. Покрај тоа спортисти со врвни резултати не се најдоа на листата за спортски ваучери, иако ги исполнува сите критериуми. Неактивни клубови, како на пример Спартак и Работнички,  добија ваучери, за сметка на активни клубови и спортисти кои имаат одлични резултати. Пости сомневање за промена на листата за доделување на спортски ваучери од страна на СФМ и претседателот – потписник, кој доставил различна листа до Агенцијата за млади и спорт  од таа што ја утврди комисијата за доделување  на ваучери.

Дополнително на тоа, сеуште се очекува реакција од страна на Агенцијата на млади и спорт за постапување по индициите за фалсификувани лекарски уверенија од страна на член на Надзорниот одбор и неколку други спортисти. За ова е доставено и официјално известување од специјалистичката здравствена ординација по спортска медицина  до Агенцијата за млади и спорт, СФМ и Извршниот одбор на СФМ.  За да се заштити кредибилитетот на СФМ и на снежните спортови, Извршниот одбор побара поведување на дисциплинска постапка и изрекување санкции, како и исклучување на овие лица и клубот ХМКД.

Развој на спортот и поддршка на спортистите ќе остане главна цел, заради што ќе продолжи заложбата за законско работење на СФМ.

 

 

 

 

 

 

Поврзани новости