Двајцата директори на Фондот за здравство купија два автомобили од по 41.300 евра

by fokus 12:22
12:22

Од Фондот за здравствено осигурување пред неколку дена се подновиле со две возила, за што биле издвоени 82.600 евра, или едно возило било набавено по цена од 41.300 евра.

Според податоците објавени на Бирото за јавни набавки, договорот за набавката бил склучен на 20 мај, помеѓу Друштво за производство, трговија и услуги МИ – ДА ГРАНД МОТОРС ДОО Скопје и двајцата директори на Фондот, Стево Крстевски и Фатон Ахмети.

- Advertisements -

Од договорот може да се види дека на тендерот учествувала само една компанија, а како критериум за избор е наведена најниска цена.

Од Фондот се одлучиле за набавка на две возила од производителот Ford, односно за автомобили од марката „mondeo titanium“.

В.В.

Поврзани новости