Двајца заразени пратеници се во Собрание изолирани во посебни кабини

by fokus 14:19
14:19

Петтиот пакет на мерки ќе биде изгласан денеска и без опозицијата и помошта ќе стигне до граѓаните, порача денеска координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески.

Тој рече дека заразените пратеници дошле во Собрание со целосно испочитуван протокол на Комисијата за заразни болести , со дозволи и контрола од инфектолози.

- Advertisements -

-Не е ова ништо што е на штета на другите пратеници, не е прв пат, тоа се случи и кога гласавме нова влада(кога пратеникот Зибери беше суспектен на корона), рече Митрески.

Тој објасни дека двајцата заразени пратеници ќе бидат изолирани во посебни кабини, ќе влезат од посебен влез и ќе се движат со посебен лифт. Едната пратеничка дошла со Брза помош на сопствен трошок. На третата заразена пратеничка изолацијата и завршила вчера, а еден од пратениците од владејачкото мнозинство имал скршена нога.

Седницата 32. започна, ВМРО-ДПМНЕ не влезе во салата, но законите се усвојуваат со 62 гласа од владејачкото мнозинство.

Поврзани новости