Двајца загинати во пожарите во Атина

by fokus

Две лица загинаа, 20 се повредени, а шест области се ставени во состојба на готовност поради неконтролираните пожари кои се проширија во Грција.

Огромни облаци од чад и денеска се надвиснати над северните периферии на Антина, каде се повикуваат луѓето да ги напуштат своите домови, а 38-годишен маж, доброволен пожарникар, загина вчера од повредите кои ги здобил поради падот од комунален столб во предградието на Атина.

Втората жртва е претседателот на Економската комора на Атина, Константинос Михалос, кој е пронајден без свест во една фабрика.

Уште најмалку 20 лица, вклучувајќи и четворица пожарникари, се хоспитализирани поради повреди, а двајца од нив се наоѓаат на интензивна нега во Атина, додека други двајца здобиле полесни изгореници.

Поврзани новости