Двајца тетовчани се тепале со шипки и секири

by Fokus

Двајца тетовчани се тепале со шипки и секири поради дамнешни недоразбирања, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера во 15.00 часот, М.И. од Тетово, вработен во перална на ул. „Благоја Тоска“ во Тетово, пријавил дека истиот ден околу 13.30 часот, додека бил пред пералната со неговиот братучед М.И., со патничко возило поминал Ц.Д. (51) од с.Желино, тетовско, со кого од порано имале недоразбирања. Ц.Д.  од возилото упатил пцовки кон М.И, по што излегол и со железна шипка го нападнал М.И.  удирајќи го во пределот на левата страна на главата. Во физичката пресмета се вклучил и братучедот  на М.И. кој со секира го удрил Ц.Д. неколку пати во пределот на главата и телото. Тие биле разделени од случајни минувачи, по што Ц.Д.  со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клинички центар Тетово и бил задржан за опсервација. Кај братучедите М.И. и М.И. имало забележливи повреди на лицата и рацете.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости