Двајца струмичани снимале порнографски клипови со малолетничка и ги праќале преку социјална мрежа

by fokus

Двајца струмичани на возраст од 24 и 27 години присилиле малолетничка да снима слики и видео клипови со порнографска содржина и ги праќале на други лица преку социјална мрежа. Струмичкото обвинителство отвори истрага протв нив и на двајцата им е одреден триесетдневен притвор.

– Во август 2019 година, осомничените на возраст од 24 и 27 години, присилиле малолетничка која имала наполнето 14 години на снимање слики и видео клипови со порнографска содржина. Тие ја повикале оштетената во напуштен локал во еден трговски центар, каде без нејзина согласност извршиле полови дејствија врз неа и тоа го снимиле. Видеото потоа го направиле достапно, така што преку социјална мрежа го испратиле на трети лица, соопшти Обвинителството.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Струмица достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени, поради опасност од бегство, можност да влијаат врз оштетената/сведокот и можност да го повторат делото. Судијата го прифати предлогот и на осомничените им определи притвор во траење од 30 дена.​

Поврзани новости