Двајца скопјани загинале во сообраќајка во Чешка

by Fokus

Тешка сообраќајна несреќа се случила денеска на автопатот Прага-Усти на Лаба во Чешка, а според чешките медиуми во несреќата загинале двајца Македонци, М.Б (30) и Д.Б.(27) од Скопје, кои се враќале кон Македонија, објави ТВ21.

Сообраќајна несреќа се случила денеска на автопатот Прага-Усти на Лаба во Чешка, а чешките медиуми објавуваат дека автомобилот излетал од патот и удрил во мостот во правец кон Усти на Лаба.

-Според првичните сознанија, возило марка ‘БМВ‘ излегло од автопатот, по што две лица, возач и сопатник, починаа на самото место“ изјавила портпаролката на полицијата Вероника Хиплерова.

Полицијата ги истражува причините за несреќата.

Поврзани новости