Двајца повредени во синоќешната сообраќајка кај Капиштец

by Fokus

Две лица се полесно повредени во сообраќајната несреќа која вчера околу 22:15 часот се случи на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, информираат од МВР.

Според полицијата, во несреќата учествувале автомобил „мерцедес“ со скопски ознаки управуван од 26-годишниот скопјанец К.В. и „пежо“ исто така со скопски регистерски таблички управуван од Ш.Е. (25) од Турција со привремен престој во Македонија.

Во несреќата полесно повредени се возачот на „пежото“ и сопатникот Д.Ф., исто така од Турција со привремен престој во Македонија.

Поврзани новости