Двајца повредени откако излетале од патот Прилеп-Градско

by fokus

На патот Прилеп – Градско вчера во 14 часот во атарот на село Камен  Дол, Н.С.(23) од село Кучевиште, скопско, управувајќи товарно моторно возико „Ивеко“ со скопски регистарски ознаки изгубил контрола над возилото кое излетало надвор од патот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Н.С., а со телесни повреди се здобил сопатникот С.Т.(21) од Скопје. Извршен е увид на местото на настанот.

Поврзани новости