Двајца починати од СИДА и 33-ца новоинфицирани од ХИВ

by fokus

Двајца починати од СИДА и 33 новодијагностицирани со инфекција од ХИВ вирусот се регистрирани во првите десет месеци од годинава.

Статистиките покажуваат дека постои континуиран пораст на бројот на лица кои се заразуваат со ХИВ во последните три години.

Овие податоци денеска ги истакна Ѕвонко Миленковиќ, Национален координатор за ХИВ во државата, на завршната конференција за Програмата за превенција на ХИВ.

 -Очекуваме оваа година бројот на новорегистрирани случаи да биде меѓу она што беше регистрирано во 2015 и 2014 година. За жал, станува збор за лица кои не се тестирале навреме и во моментот кога им е поставена дијагнозата инфекцијата била во напредна фаза. И покрај тоа што веднаш се ставени на третман, времето било кратко за да може да делува терапијата-рече Миленковиќ.

Тој порача оваа бројка од два смртни случаи и зголемен број на новооткриени случаи е предупредување дека болеста не смее да се игнорира, бидејќи и покрај тоа што има високо ефикасна терапија за инфекцијата, од неа сѐ уште се умира ако навреме не се открие.

Поврзани новости