Двајца починати и 40 нови случаи на ковид во Тиквешко

by Fokus

Едно лице од Неготино на возраст од 66 години и едно од Кавадарци на возраст од 81 година ја изгубија битката со корона вирусот. И двајцата пациенти починале на Инфективна клиника во Скопје, информираат од ЦЈЗ Кавадарци.
Денес се пристигнати 40 позитивни резултати во Тиквешијата, и тоа 30 во Кавадарци, пет во Неготино, четири во Демир Капија и еден во Росоман.

-Штотуку помисливме дека бројките се намалуваат, но за жал изминативе денови гледаме дека тие повторно се во пораст. Не знаеме на што се должи тоа, дали станува збор за опуштање поради празниците и зачестени дружби, ама загрижува тоа што Кавадарци повторно е во градовите со највисок број на новоинфицирани случаи – велат од центарот.

Во ковид одделот во кавадаречката болница денес се хоспитализирани 28 пациенти, и има 32 слободни места.
Во Тиквешко моментално се активни 812 случаи, и тоа 281 во Неготино и 531 во Кавадарци.
Од почетокот на пандемијата се инфицираа 3.281 лице.

Вики Клинчарова

Поврзани новости