Двајца осудени за убиството на полицаецот кај ПМФ се невини, тврди српски вештак

by fokus

Двајца осудени на доживотна казна за нападот што се случи кај ПМФ во 2008 година кога беа беше убиен еден полицаец, а тешко ранети двајца, се невини, тврди српскиот вештак, Ненад Шипка кој го ангажирале семејствата на осудените Реџаил Керими и Агим Исмаили.

-Одговорно потврдувам дека Агим Ислами не се појавува никаде на снимката, односно тој не пукал рафални куршуми во автомобилот „Мазда 323F“ кој бил пронајден на паркингот кај Природно- математичкиот Факултет. Пресудата погрешно го навела бројот на присутни лица. Таму се вели дека учествувале пет лица кои испукале рафални куршуми додека во анализата на кадарот едногласно констатиравме дека има четири лица. Две лица издржуваат доживотна казна затвор за дело каде судот немаше докази дека тие се сторители односно дека и двајцата биле осудени за дело што не го сториле, изјави Шипка кој тврди дека ДНК-то на Ќерими било добиено спротивно на закон.

Одбраната на осудените бара да се повтори судењето, а семејствата да се реши овој случај.

Во нападот во 2008 година на паркингот кај Природно-математичкиот факултет беше убиен полицаецот Африм Арифи, а двајца припадници на „Алфите“ беа тешко повредени. За овој напад на доживотен затвор беа осудени Реџаил Ќерими, Агим Ислами и Алмир Дерпланин на доживотен затвор, додека Рамадан Шаќири беше осуден на девет години затвор.

Поврзани новости