Двајца охриѓани прегазени во Будва

by Fokus

Двајца македонски државјани се повредени во Будва кога 20-годишно момче со автомобил прегазило шестмина пешаци, пренесува весникот „Вијести“.

Повредени се Љ.П. (70) и Н.Ц. (50) двајцата од Охрид, како и српските државјани А.Ц. (19) од Лозница, Н.Л. (18) од Тршич и С.Б. (18) и Н.М. (19) двајцата од Бања Ковиљача.

Полицијата во Будва распиша потерница за Л.Б. (20) од Белград кој ноќва, околу еден часот по полноќ со своето БМВ прегазил шест пешаци. Полициски патроли ги блокирале излезите од градот откако автомобилот бил пронајден напуштен.

Сите пешаци се здобиле со полесни повреди и се префрлени во которската болница.

Откако ги прегазил пешаците, момчето, наводно, продолжило да вози и не застанал да види што се случило со повредените.

Поврзани новости