Двајца млади загинаа во сообраќајка кај Тетово

by fokus

Две лица на возраст од 20 и 25 години го загубија животот во тешка сообраќајна несреќа со моторцикл, што синоќа се случи  во близина на бензинската пумпа „Петрол Компани“ на автопатот Тетово – Скопје.

Како што соопшти СВР Тетово, лицето што го управувало моторциклот загубило контрола при што излетале од патот и заедно со својот сопатник починале.

Увид на местото извршија екипи на полицијата и јавниот обвинител за да се утврдат причините за несреќата.
фото: МИА

Поврзани новости