Двајца млади скопјани и охриѓанец нападнале полицаец, кај едниот од нив е најдена дрога

by Fokus

МВР информира дека рано утринава во 01.45 часот во угостителски објект во Градскиот парк во Скопје, лишени од слобода биле М.М.(24) од Охрид, И.С.(21) и С.К.(21), двајцата од Скопје.

Од страна на полициски службеници кај И.С. биле пронајдени и одземени прашкаста материја и марихуана, а тројцата физички нападнале полициски службеник кој извршувал службени дејствија.

По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Поврзани новости