Двајца малолетници удрени на Партизанска, возачот е уапсен

by Fokus

Денеска полициски службеници од СВР Скопје го уапсија М.Р.(26) од Скопје затоа што околу 13.50 часот на бул. „Партизански одреди” во Скопје со возило „ауди” удрил во малолетен пешак и малолетник кој туркал велосипед.

Двајцата малолетници со Итна медицинска помош се пренесени во клинички центар “Мајка Тереза” во Скопје за укажување лекарска помош.

Извршен е увид од СВР Скопје и надлежен обвинител. По документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава по итна постапка.

Поврзани новости