Дваесетгодишник од Батинци прегази велосипедист во центарот на Скопје

by fokus

Почина велосипедистот кој утрово беше прегазен во сообраќајната несреќа што се случи на булеварот „Кочо Рацин“ во центарот на Скопје.

Според официјалните податоци од МВР, несреќата се случила во 10.30 часот кога дваесетгодишник од скопското село Батинци удрил во велосипед со којшто управувал педесет и четиригодишен скопјанец.

По несреќата велосипедистот бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде лекар констатирал смрт.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Поврзани новости