Дваесет дози од руската вакцина пристигнаа во Србија

by Фокус

Руската вакцина веќе пристигна во Србија, потврди претседателот Александар Вучиќ во интервју за РТС.

-Стигнаа 20 дози од руската вакцина и нашите стручњаци во следните неколку дена ќе прават испитувања – рече Вучиќ, додавајќи дека и вакцината од „Фајзер“ ќе пристигне кон крајот на годинава.

Тој порача дека земјата ќе издвои победа над коронавирусот.

-Сигурен сум дека ќе го победиме коронавирусот, и покрај тоа што имавме тешки денови -истакна српскиот претседател, кој воедно порача дека е горд на болницата во Батајница.

Поврзани новости