Два пријавени случаи на семејно насилство само вчера во Кавадарци

by fokus

Два случаја на семејно насилство се пријавени вчера во Кавадарци, информираа денеска од СВР Велес.

-Вчера во 12.10 часот во ОВР Кавадарци, 61-годишна кавадарчанка пријавила дека во нејзиниот дом била физички нападната од нејзиниот син В.Ј. Се работи на расчистување на случајот, појаснија од СВР Велес.

Како што соопштија од СВР Велес, нешто подоцна, околу 16.35 часот, В.Д (47) од Кавадарци во семејниот дом ја нападнал со остар предмет неговата сопруга, нанесувајќи ѝ повреда, по што и самиот се повредил. Лицата биле пренесени во ЈЗУ Општа болница Кавадарци за укажување на лекарска помош. Увид на лице место извршил јавен обвинител од Кавадарци со увидна екипа од ОВР Кавадарци.

Поврзани новости