Два нови пожари на македонско-бугарска граница

by fokus 12:30
12:30

По вчерашниот голем шумски пожар, што избувна во граничниот појас меѓу Македонија и Бугарија, кај селото Бајково, Општина Ново Село, денес избувнаа уште два пожари.

-Вчерашниот пожар е ставен под контрола, но во негова близина избувнаа уште два нови. Едниот е над поранешната караула над селото Бајково, на местото Рајаново, а и вториот е во непосредна близина, информира Никола Ристов од Шумското стопанство „Беласица“ од Струмица.

- Advertisements -

Во двата пожари е зафатена ретка дабова шума со тревна вегетација во приватна сопственост.

Екипи на Шумското стопанство „Беласица“ и ТППЕ Струмица се на терен и го гаснат пожарот.

Поврзани новости