Два месеци никој не ги прима на средба поранешните вработени во Охис

by Фокус

И по два месеци протестирање секој вторник пред Влада, ниту премиерот Никола Груевски, ниту некој од владиниот економски тим не најде време да ги прими на средба поранешните вработени во некогашниот хемиски гигнат Охис.

Поранешните вработените бараат средба со претставник на Владата, бидејќи државата им должи 24 плати кои не им се исплатени од Охис како државна фирма, како и придонеси.

-Чекаме конечно да се огласат и за нас. И ние сме народ, не сме некоја збирштина во оваа држава. Тие плати се наши, сме ги заработиле, изјави Тина Петковска, поранешна вработена во Охис.

Вкупната сума за плати и придонеси кои државата им ги должи на поранешните 800 вработени изнесува 5 милиони евра. Во меѓувреме, во кругот на Охис работат педесетина фирми кои плаќаат кирија, а пари за заостанатите плати нема.

Поврзани новости