Два големи шумски пожари во Крива Паланка

by Fokus

Два големи шумски пожари во кои горат борова шума, стрништа и трње трева се активни во Крива Паланка од вчера околу 14 часот. Пожарите се на две локации, во селата Габар и Осиче.

„Три екипи на Територијалната противпожарна единица од Крива Паланка интервенираа со три возила и деветмина пожарникари. Дополнително гаснеа 15 вработени од јавното претпријатие „Македонски шуми“ – Подрачно шумско стопанство Осогово, една екипа пожарникари од општина Ранковци и вработени од ПЕ на Дирекцијата за заштита и спасување од градот. Се работи за непристапен терен, па се гасне исклучиво со напртњачи – информира Иле Коцевски, командир на ТППЕ, Крива Паланка.

Поврзани новости