Два дена по прекинатиот настап во Охрид, Лукас пееше во Струмица во преполн клуб!

by fokus

Откако по само неколку отпеани песни во клуб во Охрид, на 30-ти декември, популарниот турбо фолк пејач Аца Лукас го прекина настапот поради здравствени проблеми, веќе наредниот ден, односно за дочекот на Новата година, тој повторно се вратил во форма.

За српската емисија Премијера, тој раскажа дека дочекот на Новата го поминал работно во Белград, и дека со години наназад на новогодишната ноќ имал настапи.

На втори јануари пак, Лукас повторно дојде во Македонија и настапи во клуб во Струмица. Неговиот настап беше најавуван долг период, а клубот вчера објави фотографии на кои се гледа расположената публика за време на концертот.

По прекинатиот концерт на пејачот во Охрид, следеа бурни јавни реакции, бидејќи е познато дека влезниците за неговите настапи се продаваат по високи цени, посебно кога станува збор за коњопој, односно висока маса со шише алкохолен пијалок.
Цените се движат од 6.000 денари па нагоре, во зависност од изборот на алкохолниот пијалок.

Иако најчестите коментари на јавноста беа дека тоа се премногу пари за влезница, сепак од објавените фотографии на социјалните мрежи се гледа и за време на настапот на Аца во Струмица, клубот бил преполн.

Овие цени се актуелни за речиси сите регионални пејачи кои се чести гости во клубовите во земјава.

Вики Клинчарова

Поврзани новости