Дурмиши: На Балканот има пет милиони парчиња оружје во рацете на граѓаните, ИСИС се обидува да го искористи

by Fokus

Албанскиот експерт по безбедносни прашања, Арјан Дурмиши, гостувајќи во дебатна емисија на телевизијата „Њуз 24“ изјави дека на Балканот има пет милиони парчиња оружја во рацете на граѓаните.

Според него, овој факт се обидува да го искористат одредени криминални организации, како што е терористичката ИД.

– Сакам да нагласам дека во одредени контексти како што се Албанија и Балканот, како последица на случувањата, оружје лесно се наоѓа. На Балканот, во рацете на цивилите има околу пет милиони парчиња оружја до кои може лесно да се дојде. Терористичките групи им приоѓаат на луѓето кои имаат оружје, не откривајќи што работат. Дури и самата стратегија на ИСИС беше да охрабри мали групи да се самоорганизираат и да извршат дела што предизвикуваат жртви. Но, како што споменавте, прегазувањето на две или три лица со автомобил создава помало внимание, во споредба со експлозија, рече Дурмиши.

Според него во дадена земја, нефинансирање на тероризам е кинење на врските на преминуваат од една во друга земја.

-Во овој аспект, треба да произлезат две нивоа на дискусија. Реков дека досега нема потврда дека разбиени криминални групи соработувале едни со други. Организациите кои ги користеше Ал-Каеда за да стигне до Албанија беа донаторски институции, додава Дурмиши.

Во врска со групата „Балкански лавови“,за која постојат сомненија дека стои зад неколку тероростички напади во Европа, меѓу нив и оној во Виена, каде напаѓачот беше македонски државјанин, тој вели дека е можно користеното софистицирано оружје да стигнало во Виена преку границата со Балканот.

Поврзани новости