Дурловски го нуди пасошот за да излезе од притвор

by fokus

И Игор Дурловски и неговата одбрана денеска пред Апелациониот суд побараа укинување на мерката притвор и нејзино заменување со некоја поблага мерка.

Според неговиот адвокат Ставре Џиков, и куќниот притвор во случајот би бил престрог и додаде дека „во секое време се подготвени да го депонираат пасошот на Дурловски во суд.“

Адвокатот Еленко Миланов рече дека „станува збор за решенија по урнек во кои нема посебни околности зошто на Дурловски да му биде продолжен притворот.“

–Во ниту еден од овие наводни докази кои што ОЈО се уште не ги прибавило, Дурловски не може да има влијание. Степенот на кривична одговорност според европскиот суд не може да биде основ за притвор – рече Миланов пред Судот.

Поврзани новости