Дурловски: Денешно обраќање им го посветувам на нашите браќа кои се во македонските затвори

by fokus

На вечерашниот протест на ВМРО-ДПМНЕ се обрати и Игор Дурловски, кој своето обраќање им го посвети на, како што рече, браќата кои се по македонските затвори, а се неправено осудени.

-Браќа и сестри. Вечерва сум тука бидејќи сум еден од вас. Не сакаме држава на политички прогон, државен криминал, туку држава на горда македонска нација. Голем дел од вас ме запознаа како човеч кој почувствува реваншизам кој денеска е начин на живеење на оваа власт. Се обидоа да не замолчат и да ни ги одземат основните права. Може да ни одземат се, но никогаш нема да ни ја одземат слободата за која секогаш ќе се бориме. Никогаш нема да ни го одземат правото да кажеме Македонија.  Денес се применува сила против животот, насилство против волјата на секој кој мисли поинаку. Ова денешно обраќање им го посветувам на нашите браќа кои се во македонските затвори: неправедно обвинети и осудени. Како што се борев за својата правда, така ќе се борам до крај за неправедно осудените. Сигурен сум дека ќе дојде денот кога македонските патриоти ќе ја дочекаат правдата, рече Дурловски.

 

Поврзани новости