Дури 71 граѓанин заболеле од морбили за една недела

by fokus

Измината недела регистирирани се нови случаи на заболeни од морбили, соопштуваат од Институт за јавно здравје. Досега пријавени се вкупно 71 случај на мали сипаници, лабораториски потврдени или поврзани со епидемиолошка врска.

Од вкупниот број на ново пријавени заболени лица, 35 случаи се од Скопје, при што околу 65 проценти од нив се непотполно вакцинирани, невакцинирани или со непознат вакцинален статус.

Останатите 36 заболени се од 6 други градови во државата. Активни епидемии на мали сипаници во моментот има во шест здравствени региони – Скопје, Тетово, Куманово, Гевгелија, Кичево и Струга.

Вкупно, од почетокот на епидемијата во декември минатата година заклучно со вчерашниот ден се регистрирани 835 случаи на мали сипаници.

Вкупниот број, пак на вакцинирани лица на возраст до 14 години со мрп вакцина од почетокот на епидемијата во целата република изнесува 19.205. Надлежните повторно апелираа на редовна вакцинација на децата.

Поврзани новости