Дури 70 отсто од невработените не се појавуваат на интервју за работа, на оние што ќе отидат не им одговараат условите

by fokus

Дури 70 отсто од невработените одбиваат да се појават на интервјуа за работа кои ги обезбедува Агенцијата за вработување, вели директорката на Агенцијата, Билјана Јовановска.

Таа се согласува со констатацијата на Светска банка дека половина од населението ниту бара работа ниту сака да работи.

-Се соочуваме со проблем кога еден работодавач бара работна сила. Имаме ситуација кога од поканети невработени, 70 отсто не доаѓаат на интервју бидејќи не е задолжително, односно законот не вели дека тие ќе бидат избришани или тргнати од евиденција. Од 30 отсто што ќе  дојдат на интервју, се упатуваат кај работодавачот, половина одат на интервју и најчесто ја одбиваат понудата за работа и тоа од најразлични причини. Невработените лица наведуваат дека не им одговара местото, смената, платата – рече директорката.

Најголем процент од долгорочно невработените се со основно образование и тие се потешко вработливи. Јовановска додава дека бројот на невработени лица е околу 190.000.

-Половината од нив се пасивни баратели, нивна обврска е да се јавуваат во Агенцијата на секои 6 месеци. Агенцијата работи само со активните баратели. Оние кои што сакаат да учествуваат во активностите на Агенцијата, во активните мерки и кои сакаат да бидат повикувани на интервју кај работодавачи – нагласува таа.

Поврзани новости