Дури 686 граѓани добиле казна бидејќи не носеле заштитна маска

by fokus

Од МВР информираат дека во изминатите 24 часа дури 686 граѓани биле казнети за неносење на заштитна маска.

-Во текот на изминатото деноноќие (04/05.03.2021) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 686прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19, информираат од МВР.

Поврзани новости