Дури 20.250 граѓани се во моментот заразени со Ковид-19

by fokus

Во текот на изминатите денови се бележат се поголем број на заразени лица со Ковид-19, што се должи на брзото ширење на новиот сој омикрон.

Во моментов во земјава се активни 20.250 случаи на заразени лица, а според податоците на Светската здравствена организација во светот се дијагностицирани над 340 милиони заболени.

Од СЗО предупредуваат дека ризикот од омикрон останува многу висок.

Од почетокот на епидемијата досега во земјата се направени вкупно 1.741.085 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 254.857, бројот на оздравени пациенти е 226.409, на починати е 8.198, а бројот на активни случаи изнесува 20.250.

– Бројот на потврдени случаи на инфекција со коронавирус во светот надмина 340 милиони луѓе, соопшти вчера Светската здравствена организација.

Според информациите од завчера Светската здравствена организација добила податоци за вкупно 340.543.962 заразени и 5.570.163 починати.

Поврзани новости