Дури 12 починати за едно деноноќие, најмладиот на возраст од 43 години

by fokus

Во последното деноноќие починале дури 12 пациенти заразени со корона, а најмладиот е на возраст од 43 години, соопштуваат од Министерството за здравство.

Според дневниот извештај, тројца од починатите пациенти се од Скопје на возраст од 52, 73 и 85 години, еден од Куманово на возраст од 59 години, двајца пациенти од Прилеп на возраст од 78 и 75 години, двајца од Велес на возраст од 61 и 62 години, двајца пациенти од Гостивар на возраст од 43 и 76 години, еден шеесет и шестгодишен струмичанец и и шеесет и деветгодишен пациент од Свети Николе.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 20 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 108 пациенти. На кислородна поддршка се 80 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 3 деца и 4 мајки позитивни на ковид-19, 1 дете и 2 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има 6 приеми, а вкупно хоспитализирани се 47 пациенти. На респиратор се 5 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 52, а во болницата во Штип се 50 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани и Кавадарци се хоспитализирани 214, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Поврзани новости