Дури 11 села во Македонски Брод отсечени од светот

by fokus

АМСМ информрира дека патниот правец Македонски Брод – село Здуње на кој гравитираат 11 села, не е прооден за секаков вид на сообраќај.

Денеска од 04:30 часот нормализиран е сообраќајот на автопатот Гостивар – Тетово кај клучка Жеровјане, кој беше во прекин поради сообраќајна несреќа.

АМСМ инфоримира дека на државните патишта сообраќајот се одвива тековно во зимски услови по претежно влажни коловози, наместа со остатоци од снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи.

Слаб дожд врне низ цела Македонија, додека снег со слаб интензитет паѓа на Попова Шапка, Стража, Маврово и Буково.

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Мак. Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Д. Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Поврзани новости