Дупка од 20.000 гласови во Аеродром?

by lali 10:22
10:22

Дупка од точно 20.000 гласови се појавува на веб-страницата на Државната изборна комисија, доколку се погледнат резултатите од предвремените парламентарни избори во општината Аеродром – општина каде што излезноста достигна неверојатни 99,76 отсто.

Според ДИК, вкупниот број важечки гласачки ливчиња во Аеродром е 42.255, а бројот на неважечки гласови е 1.563. Збирот од важечки и неважечки ливчиња треба да го даде вкупниот број гласови, што во случајов изнесува 43.818.

- Advertising -

Но, според она што е прикажано на веб-страницата на ДИК, на предвремените парламентарни избори гласале 63.818 лица. Каде е остатокот од 20.000 гласови останува неизвесно.

Фокус во текот на денот ќе се обиде да добие одговор од Државната изборна комисија во однос на оваа дупка од гласови објавени на нивната веб страница.

Поврзани новости