Дума: Потребни се нови истраги за случаите на Никола Младенов, Крпач, Смилковско…

by fokus 19:07
19:07

Сметам дека постојат простори за продлабочување на одредени анализи и отворање на прашања кои можеби овој период не успеавме да ги отвориме или не можевме да ги видиме, рече во интервју за НОВА проф.др. Алексеј Дума, долгогодишен  директор на Институтот за судска медицина, одговарајќи на прашање дали треба да се отворат нови истраги за случајот на смртта на Никола Младенов, на Коста Крпач, Смилковско езеро и други.

„ Тоа се многу осетливи работи, со многу стапици, предмети со многу недоречености , многу невидени, затворени или отворени прашања, многу несогледани аспекти и потреба за понатамошни анализи. И тоа треба да е предмет на сериозна професионална работа“, рече Дума за НОВА.

- Advertisements -

Поврзани новости