Дукоски: Каков и да си бодибилдер, еден милион евра не се носат како што ја носел торбата „луј витон“ Кичеец

by fokus

На денешното рочиште за случајот „Рекет“, адвокатот на Бојан Јовановски, Сашко Дукоски, ги даде завршните зборови.

Тој истакна дека обвинителството дека немало докази.

Дукоски рече се шокирал кога видел дека измената е направена во делот за кривичното дело перење пари и со измената се наведува дека Боки перел пари од ноември 2017 до приведувањето во јули 2019 година, па се прашуваше како е можно тоа кога другото дело за примање награда од противзаконито влијание, односно земањето пари од Орце Камчев било во периодот од ноември 2018 до април 2019 година.

„Па Худини не го може ова. Не е смешно, 10 месеци е во притвор. Ова е правен нонсенс, незабележан во историјата на оваа држава, уште од 1945 до сега. Како може да трошел пари од 2017 година кога истрагата за Империја е од 9 ноември 2018. Како е можно? Јас сум глуп, ајде нека ми објасни некој”, рече Дукоски, објави „360 степени“.

Адвокатот спореше и дека не е можно Зоран Милевски Кичеец во ташната луј витон да носел 1 милион евра, бидејќи тоа е товар над 18 килограми, а тој многу лежерно ја носел торбата.

-Ако 80 проценти, како што кажа Камчев, од сумата од еден милион евра се во банкноти од по 50 евра заедно со останатите банкноти до еден милион, тие би тежеле 18,5 килограми. Каков и да си бодибилдер, 18,5 кг не се носат така како што наводно ги носи Милески на снимката, рече Дукоски.

Тој критикуваше и тоа што воопшто не е снимено примопредавањето на пари за што, според одбраната, нема докази.

 

 

Поврзани новости