Дука нов градоначалник на Дебар, победи со 272 гласа разлика

by fokus

Кандидатот на ДУИ, Хекуран Дука е новиот градоначалнк на Дебар. Тој на вчерашните вонредни локални избори за градоначалник освои над 50 отсто од гласовите пред противкандидатот Арбен Аголи од Алијансата за Албанците. Поточно за Дука гласале 4.106 гласачи, а за Аголи 3.834 граѓани.

Во Дебар се спроведоа предвремени локални избори за градоначалник, поради смртта на Ружди Љата, кој по кусо и тешко боледување почина на крајот од ноември минатата година.

Поврзани новости