ДУИ впишана како победник во избирачки места каде што претходно имала по само 2 гласа, а победувал СДСМ!?

by fokus

Сомнежи дека гласовите од предвремените парламентарни избори се погрешно впишани или прикажани на страната на Државната изборна комисија се појавија откако во изборни места каде што во 2016 година апсолутен победник беше СДСМ, сега според резултатите објавени онлајн, водство имаат ДУИ и Алијанса на Албанците, пишува порталот „А1он“.

Станува збор за општини како Карпош и Кисела Вода, во кои избирачки места двете албански партии поединечно во 2016 освоиле најмногу по два гласа.

Според извори на „А1он“, со упад во системот на Државната изборна комисија, погрешно се распределени околу 80 илјади гласови, кои пак, голем дел се одземени од контото на СДСМ.

Според првичните неофицијални податоци, во Карпош, на избирачкото место 2643, најмногу гласови освоиле ДУИ или 58.02 проценти, а по нив, Алијанса за Албанците со 31.08 проценти од вкупниот број гласови. На истото избирачко место во 2016 година, 53.15 проценти освоиле СДСМ, а потоа, 38.14 проценти имале ВМРО-ДПМНЕ. Во 2016 година, ДУИ имале 0.30 проценти од гласовите, а Алијанса за Албанците на ова избирачко место имало 0.15 проценти.

Целиот текст можете да го прочитате ТУКА.

Поврзани новости