ДУИ во Липково ќе одбележува 20 години од воениот конфликт

by Фокус

ДУИ утре во Липково ќе одбележува 20 години од конфликтот во земјава. Според најави од партијата, во посета на Липково ќе оди лидерот Али Ахмети, придружуван од министри и пратеници на ДУИ.

Борбите меѓу припадниците на ОНА и македонските вооружени сили во 2001 година во Кумановско, поточно во регионот на општината Липково, почнаа на 2 мај.

Воениот конфликтот, што почна во јануари 2001 година, заврши со политички договор, односно со потпишувањето на Рамковниот договор во август истата година.

Поврзани новости