ДУИ вечерва почнува консултации за документот од Заев

by fokus

Али Ахмети вечерва на Зијадин Села ќе му го презентира документот доставен од Зоран Заев, објави ТВ 21. Демократската унија за интеграција веднаш ги почнува консултациите со албанските политички партии откако во текот на вчерашниот ден во партиското седиште во Мала Речица пристигнала пратката од Бихаќка.

Средбата Ахмети и Села се очекува да биде одржана во штабот на Движењето за реформи – ДПА во Тетово. Засега во голема тајност се крие содржината напишана во документот кој лидерот на ДУИ го бараше од првиот човек на СДСМ, но извори од Бихаќка за ТВ 21 велат дека документот овозможува брзо и непречено собирање на потписите потребни за формирање на влада предводена од Заев.

Оттаму велат дека не доставиле никаков рок до интегративците ДУИ кога треба да се изјаснат по документот, но немаат очекувања дека Ахмети ќе има забелешки за истиот.

Поврзани новости