ДУИ: Сопственикот на клубот спроведен без лисици, а Бектеши со лисици

by Fokus

ДУИ реагира дека сопственикот на дискотеката Пулс од Кочани, каде изгореа 59 луѓе, полицијата го водела без лисици, а со екс министерот за економија, Крешник Бектеши било обратно, го воделе со лисици на рацете.

Директниот автор на трагедијата, сопственикот на клубот што изгоре и им ги одзеде животите на 59 млади луѓе во Кочан, полицијата го зема БЕЗ лисици, додека поранешен министер, кој нема никаква врска со оваа трагедија, беше придружуван со лисици, под максимално медиумско внимание“, пишуваат од ДУИ во објавата, нарекувајќи го ова „институционален срам“, „чиста манипулација“ и „кршење на правдата“.

Поврзани новости