ДУИ преноќи кај крстот, останува до крај

by Фокус

Мирно и без провокации и инциденти поминала ноќта во кампот на ДУИ што беше поставен во населбата Бутел на местото каде треба за два месеци да биде поставен крст висок 50-тина метар. Како и што најавија вчера, така и денеска, ДУИ остануваат во кампот додека општината Бутел не ја повлече одлуката за поставување на крстот. Иако многумина реагираат дека тоа не е собир на Албанците, туку исклучиво на партијата на власт, сепак стотина граѓани, пред се партиски активисти, остануваат во кампот.

– Во кампот остануваат околу 150 луѓе и ќе бидат таму се додека не се промени одлуката за поставување на крстот. Денеска претставки за одлуката доставивме до неколку институции и очекуваме нивна реакција, велат демонстрантите.

Иако ДУИ е дел од владините институции и има сосема поинакви средства за реакција и можности за надминување на кризата, сепак партијата на Ахмети се одлучи и преку улични протести да го изрази незадоволството од одлуката на ВМРО ДПМНЕ. Доброто е во тоа што граѓаните не наседнуваат на партиските провокации затоа што на голем дел ја провалија играта на двете владејачки партии.

Сепак, исходот останува неизвесен, односно не се знае до кога Груевски и Ахмети ќе глумат и пиромани и пожарникари.

Поврзани новости