ДУИ може да функционира без секој, 20 години сум навикнат на такви незадоволства, вели Ахмети

by Fokus

Во ДУИ, 20 години е инвестирана национална програма и дека може да функционира и без Али Ахмети, но и без Муса Џафери, Изет Меџити, Блерим Беџети и другите членови на партијата.

Ахмети во изјава за медиумите вели дека е навикнат на вакви незадоволства во партијата веќе 20 години.

Според него, ДУИ излегува уште посилна после секое внатрешно недоразбирање.

Партиски членови меѓу кои се потпишани двајцата пратеници Изет Меџити и Мерита Колчи Коџаџику, како и Башким Хасани, заменик-министер за одбрана, и градоначалниците на Чаир и на Сарај, Висар Ганиу и Блерим Беџети, се дел од потпишаните сопартици кои се назадоволни од работењето на Артим Груби.

“Во ДУИ веќе нема дебата и консултација со партиската база. Кадровските решенија се привилегија само на Артан Груби. Речиси две години нема отчет за работата на Владата и политичката програма. Поради нефункционалноста на организациониот живот на ДУИ, констатираме дека има пад на поддршката за партијата (доказ се последните избори во Тетово). Арогантното и дилетантско однесување на извршната власт на чело со Артан Груби, предизвика незадоволство, револт и пасивност на структурите и гласачите“, пишува во писмото

 

Поврзани новости