ДУИ ја обвини БЕСА дека со пеењето на химната во Собрание ги испровоцирала демонстрантите

by fokus

ДУИ денеска преку соопшти испрати апел до албанските гласачи да се обединат за локалните избори зошто само така ќе станат уште посилни. Повод за овој апел е тоа што БЕСА одби да го поддржи единствениот албански кандидат за градоначалник на Кичево од редовите на ДУИ – Фатмир Дехари.

-По поттикнување на историската поделба на албанскиот глас на 11-ти декември и губењето на повеќе од девет албански пратеници,
По негласањето на првиот Претседател албанец на Собранието на Република Македонија г. Талат Џафери,
По поттикнување на насилство во Собранието преку погрешно пеење на националната химна за да ги провоцира македонските демонстранти,
По напуштање на Собранието на 27 април,
По негласањето за разрешување на државниот јавен обвинител. По, негласањето за ставање на дневен ред законот за јазиците,
По одбивањето да седнат и да се договорат со другите албански политички партии,
По одбивањето на заедничката декларација на албанските партии,
 Денес, Движењето Беса и Билал Касами заедно со експонатите на оваа партија уште еднаш се стават во служба на анти-националните сили, работејќи против единствениот албански кандидат во Општина Кичево, г. Фатмир Дехари, неподдржувајќи го него, се вели во соопштението на ДУИ.

Поврзани новости