ДУИ: Изедначувањето на албанскиот со македонскиот јазик го заокружува Охридскиот договор

by Фокус
Употребата на албанскиот јазик во согласност си Уставот, еднакво со македонскиот јазик, го прави општеството посилно, пообединето и постабилно, заокружувајќи ги тој начин нормативните обврски од Охридскиот договор, истакнуваат од ДУИ.
„Владеењето на правото во земјата е обврска на сите политички партии и претставува предуслов за продолжување на евроатлантскиот пат. Реформите во судството, транспарентноста и ревидирањето на спорните судски процеси се неопходна обврска за враќање на довербата на граѓаните кон системот“, стои во писмената изјава на „интегративците“.
Од оваа партија посочуваат дека од почетокот на политичката криза во земјата инсистираат на транспаренто затварање на процесот преку целосно обелоденување на скандалот со масовното и незаконско прислушување и преземање на одговорност.

Поврзани новости